„Вреди“ нема да тргуваат со гласовите на гласачите, ДУИ градат конечен став

t

Сè уште е енигма кон кого од двајцата претседателски кандидати, Стево Пендаровски или Гордана Силјановска-Давкова, ќе се слеат гласовите од партиите на Албанците во вториот круг од изборите за претседател на државата. Опозициската коалиција „Вреди“ засега нема во план да го повикува својот електорат да гласа за кого било. Во синоќешната „Топ тема“ го открија ставот дека нивните гласачи треба сами да одлучат кому ќе го дадат својот глас.

Лидерите на коалицијата „Европски фронт“, предводена од ДУИ, пак, планираат наскоро да одржат состанок на кој ќе заземат конечен став. Иако нивното барање за избор на претседател на државата да биде во Собранието го одбија и ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, сепак го најавуваат како пресудно во нивната одлука.

Црвените линии на „Вреди“ за влез во влада, пак, се барањето за укинување на процентот 20 отсто за Албанците од Уставот и гаранции за уставни измени во рок од шест месеци. Подготвени се да преговараат со сите.

Бектеши, пак, потсети дека постои документ на кој се потпишани сите партии на Албанците во кој стои со кого нема да прават коалиција.

Преговорите, сепак, најмногу ќе зависат од позиционирањето на партиите на партиите на изборите на 8 мај.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Роберто Ацковски го победи Арсов од Бугарија…

Роберто Ацковски го победи Никола Арсов од…

Баражот меѓу Вардар и Детонит ќе се…

Изминатиот викенд завршија сезоните во Првата и…

Велосипедист прегазен на Средно Водно

36-годишен велосипедист е тешко повреден откако бил…

Кои земји поседуваат најмногу криптовалути?

Според податоците на Triple-A, од 2023 година,…

Украина со дронови нападна руска рафинерија: „Има…

Шест беспилотни летала погодија област на нафтена…