Пронајден е 76-годишниот маж по кој се трагаше од вчера, тој е надвор од животна опасност

t

Пронајдено е 76-годишното лице во кавадаречко по кое се трагаше од вчера, оваа информација ја потврди за МИА, доктор Мирослав Нерков од Итна медицинска помош при Општа болница со проширена дејност Кавадарци.

Лицето го бараа полицајци, блиски роднини и други луѓе, пожарникари, планинари и велосипедисти.

– За среќа, лицето е пронајдено и веднаш пристапивме кон пружање прва медицинска помош, тоа е во стабилна состојба и надвор од животна опасност, го однесовме во неговиот дом, нагласи Нерков.

МИА претходно информираше дека вчера во 10.30 часот, во ОВР Кавадарци, К.С.(74) од овој град пријавила дека од домот се оддалечил нејзиниот сопруг С.С.(76), кој имал здравствени проблеми. Беа преземени мерки за пронаоѓање на лицето.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Што би се случило со Германија доколку…

Германија би претрпела сериозна економска штета доколку…

Кина возврати, забранувајќи им на некои американски…

Кинеското Министерство за трговија објави денеска дека…

„Пајакот“ во Центар крена над 100 возила…

ЈП Паркинзи на Општина Центар и Општина…

Решена мистеријата стара 4.000 години за изградбата…

Научниците мислат дека конечно ја решиле вековната…

20 мај 1876, македонскиот народ го кренал…

На денешен ден, 20 мај, во 1876…