Тешко повреден малолетник во судир на патот Охрид – Ресен
Вчера во 13:40 часот, на крстосница на магистралниот пат Охрид-Ресен со локалниот пат за селото Завој, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничките автомобили „сеат леон“ со кавадаречки регистарски ознаки, управуван од Ј.К.(31) од селото Бегниште, општина Кавадарци и „опел корса“ со ресенски регистарски ознаки, што го управувала Н.С.(45) од Ресен.
Притоа, со тешки телесни повреди, се здобил малолетен сопатник во второто возило додека Н.С.- возачот на истото возило, се здобила со телесни повреди, констатирани во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид.
За настанот, известен е јавен обвинител, а увид изврши увидна екипа од СВР Охрид.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Лице палело гуми во двор, пожарот се…
Шумски пожар избувна во близина на делчевското…
Пијан скопјанец ги претепал мајка си и…
На 22.08.2026 во 15:15 часот во скопско,…
Можна средба Путин – Трамп наскоро во…
Доколку рускиот претседател Владимир Путин и американскиот…
Пукање во Арачиново, двајца повредени
Две лица се повредени при пукање кое…
Американските авиони поради кои Техеран и се…
Два американски авиони цистерни KC-135 ја напуштија…