Зајкова: Истите оние кои заедно сценираа конфликти и беа добри другари, денес повторно користат национализам за нови етнички тензии
„Истите оние што заедно сценираа конфликти и беа добри другари, и денес се заеднички сложни во едно – употреба на националистички наратив за креирање на нови етнички тензии. Но тоа нема и не смееме да им го дозволиме“ рече претседателката на ЛДП и коносителка на листата во ИЕ1 на Коалицијата за европска иднина, Моника Зајкова на митингот во Кисела Вода.
Таа додаде дека на народот не му треба плашење, манипулации, лажен национализам и поделби, туку му треба напредок и развој.
„Од оние со кои бевме во чекалната на Европската Унија, а кои се уште немаат ниту план ниту визија како и кога ќе не однесат до влезот во ЕУ, таков напредок не може и не треба да очекуваме“ рече Зајкова.
Како што кажа таа, од заробена држава на конфликти, денес Македонија е горда земја, членка на НАТО, држава во која медиумите може слободно да известуваат, која успешно чекори на патот на енергетската транзиција, во која платите и пензиите растат, не согласно волјата и популизмот на одредена политичка фигура, но согласно утврдена законска методологија.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Дале индустриски кислород на Ковид пациенти во…
Кога од агенцијата за лекови на Босна…