Непознати лица се обиделе да запалат синагога во Варшава
Непознати лица синоќа фрлиле молотов коктел врз единствената зачувана предвоена синагога во Варшава која се уште служи како место за богослужба и се обиделе да ја запалат, соопшти полската полиција.
„Командата на полицијата добила пријава за обид за палење на синагогата Нозика во Варшава. Полицијата води истрага во врска со тоа“, изјави Јацек Вишњевски од варшавската полиција за полските медиуми.
„Рабинот Шудрих пишува дека некој се обидел да ја запали синагогата со помош на молотов коктел. Фала му на Бога, никој не беше повреден. Интересно, кој се обидува да ја наруши годишнината од нашето влегување во Европската Унија?“, реагира на социјалната мрежа Икс, шефот на полската дипломатија Радослав Сикорски.
Таа синагога се реновира од 2008 година.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) 62 бели балони за загинатите во…
100 дена од најголемата трагедија во современа…
Внимавајте поради топлото време: Институтот за јавно…
МакедонијаОпасни горештини: Институтот за јавно здравје со…
МВР не демантира дека тендерот за возачки…
Демантот на Министерството за внатрешни работи не…
Денеска пресуда за грозоморното убиство на Вања…
Во Основниот кривичен суд Скопје денеска, според…
(Видео) Американскиите напади не ја уништија нуклеарната…
Нападите на американската војска врз три ирански…