ОЕЦД ја зголеми прогнозата за глобалниот раст во 2024 година на 3,1 отсто

t

Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД) денеска ги зголеми прогнозите за светскиот економски раст во 2024 година, особено благодарение на динамиката на закрепнување во Соединетите Американски Држави (САД).

ОЕЦД ја зголеми прогнозата за глобалниот раст во 2024 година на 3,1 отсто, додека според последните економски прогнози од февруари таа изнесува 2,9 отсто, пренесува агенцијата Бета.

„Внимателниот оптимизам почна да ја освојува глобалната економија“, се вели во кварталниот извештај на ОЕЦД, кој сепак укажува на големи разлики меѓу земјите.

За САД можеме да видиме зголемување на прогнозата за раст на 2,6 отсто во 2024 година, наспроти претходно прогнозираните 2,1 отсто.

Прогнозата за еврозоната беше благо зголемена, на 0,7 отсто, наспроти претходно очекуваните 0,6 отсто.

Тоа, како што се наведува, е сè уште умерен напредок.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Курсна листа на НБРМ: Колку чини еврото…

Според курсната листа на НБРМ средниот курс…

Германија и покрај многуте проблеми сѐ уште…

Германија, и покрај многуте проблеми, сè уште…

Инспекциски контроли утврдиле дека цените во маркетите…

Имајќи предвид дека од денеска почнува кампањата…

„Новогодишна кошница“, најавени 900 производи со пониски…

Стартува акцијата „Новогодишна кошница“ со која до…

Златото од почетокот на годината поскапе 28%

Цените на златото се зголемија за повеќе…