Даштевски: Подготвени сме за претстојните избори!

t

Државната изборна комисија е подготвена за претстојните избори, утре и задутре ќе се дели доверливиот изборен материјал кој општинските изборни комисии се должни да го предадат во вторник, а првичните резултати се очекува да бидат објавени на 8 мај пред полноќ, изјави претседателот на ДИК, Александар Даштевски.

Во гостувањето на Сител Телевизија, Даштевски појасни дека на претстојните двојни избори, гласачите ќе можат да се појават на гласачкото место само еднаш.

На прашањето дали се крши приватноста со тоа што гласачите ќе бидат прашани дали се дојдени да гласаат за парламентарни или претседателски избори пред набљудувачите присутни на гласачкото место, Даштевски одговори дека тоа не е во делот на тајност.

– Јас за тоа не можам да одговорам бидејќи ние се занимаваме за спроведување на избори а не со притисок. Упатството е донесено повеќе од месец дена. Беше тоа сериозна дебата и се заклучи така. Тоа што се заклучило мора да се спроведе, рече тој.

Дополни дека очекува овој пат одбројувањето на гласовите да се одвива побрзо, а првичните резултати да бидат објавени пред полноќ.

– Ќе се одвива брзо, побрзо од првиот круг, но, ќе се објавува побавно бидејќи има две броења во кои ќе учествуваат сите заедно, рече тој.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мицкоски: Цените на храната и пијалаците во…

Податоците на Евростат покажуваат дека Македонија има…

СВЕТСКИТЕ РАЗВОЈНИ БАНКИ НАЈАВИЈА ЗАСИЛЕНО ФИНАНСИРЊЕ ПРОЕКТИ…

Мултилатералните развојни банки воспоставија нова рамка за…

Македонскиот бизнисмен Никола Андреевски на вечера со…

Никола Андреевски, еден од истакнатите македонски претприемачи…

Фрлен солзавец во ноќен клуб во БиХ,…

Ноќна забава во Тешањ, Босна и Херцеговина,…

Зеленски: Ќе биде историска грешка ако САД…

Украинскиот претседател Володимир Зеленски во неделата предупреди…