Зеленски: Ќе биде историска грешка ако САД застанат на страната на Русија
Украинскиот претседател Володимир Зеленски во неделата предупреди дека ако Соединетите Американски Држави застанат на страната на Русија, тоа ќе биде „историска грешка“, иако тој и понатаму го смета Вашингтон за сојузник.
„Сакаме да му веруваме [на Трамп]. Се надевам дека ќе ги промени своите одлуки, бидејќи мислам дека тоа е грешка и дека нема да им помогне ниту нам ниту на Соединетите Американски Држави“, изјави Зеленски во емисијата „Meet the Press“ на NBC News.
Неговите коментари доаѓаат откако американскиот претседател Доналд Трамп ја иззеде Русија од санкциите предвидени со закон што се однесува и на Иран, именуван по починатиот сенатор Линдзи Греам и усвоен од Конгресот на 18 септември. Минатиот петок Трамп потпиша извршна наредба со која се предвидуваат изземања од неколку одредби на овој закон, повикувајќи се на националниот интерес.
Исклучоците опфаќаат санкции против лица и организации поврзани со руската влада, финансиски и трговски ограничувања, како и царини за руски производи и за производи од одредени земји што купуваат јаглеводороди од Русија.
Зеленски изрази жалење поради извршната наредба, наведувајќи дека Греам бил „голем застапник на мирот и на Украина“.
Одлуката на Трамп, која предизвика критики и од републиканците и од демократите, сепак не ги укинува санкциите што Соединетите Американски Држави претходно ѝ ги воведоа на Русија со други извршни наредби.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Ердоган: Турција е единствената што може директно…
Турција е единствената што може директно да…
Зеленски ќе се сретне со Трамп за…
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, потврди дека…
Зеленски: Нè очекуваат уште две тешки офанзиви
Украинскиот претседател Володимир Зеленски во интервју за…
Зеленски: Украина очекува фонд од 2,9 милијарди…
Финансискиот аранжман познат како Листа на приоритетни…
Зеленски до Трамп: Покажете јасен став и…
Украинскиот претседател Володимир Зеленски го повика Доналд…