Ковачевски: Во среда гласајте ЗА европска иднина, за држава во која ќе сакаат да останат вашите деца

t

На вечерашниот митинг во Радовиш, претседателот на Социјалдемократскиот Сојуз на Македонија, Димитар Ковачевски, вели свесен е дека голем број граѓани сѐ уште немаат одлучено кому ќе го дадат својот глас.

„ Вие одлучувате кој пат ќе го фатиме! Ако не излезете да гласате, другите ќе одлучат во ваше име. Ако гласате ПРОТИВ, само за да казните некого, тоа може да има сериозни негативни последици кон иднината на Македонија. Ако гласате ПРОТИВ тогаш гласате и против европската иднина на вашите деца и внуци. И затоа ги повикувам сите граѓани,  излезете на гласање во среда и гласајте ЗА! Гласајте за европска иднина, гласајте за европски стандарди и вредности, гласајте за држава во која ќе сакаат да останат вашите деца.”, посочува Ковачевски.

Ковачевски додава дека доколку десничарска партија како ВМРО-ДПМНЕ добие преголема моќ, има големи шанси да ни се случи Унгарско сценарио, кое ќе стави крај на европските перспективи, независните медиуми и независното судство.

„ Не дозволувајте ВМРО да продава евтини демагогии за иднината. Сетете се како неговиот ментор  ја ограби и ја зароби државата. Сетете се на повеќе од пола милијарда евра народни пари потрошени за криминалниот проект Скопје 2014. Сетете се на заробените медиуми, замолчените вработени во јавниот сектор кои ги запишуваа по списоци, пикаа по автобуси и носеа на контра протести во Скопје, на натепаните студенти. Сетете се на милионите потрошени за жални врби, лажен барок, евтин стиропор само за да се богатат поединци и фамилијата која беше на власт. “, порачува Ковачевски на граѓаните.

Ковачевски додава дека десничарска влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ може многу лесно да ги наруши меѓуетничките односи во земјата, посочувајќи дека Мицкоски и Силјановска наместо да се натпреваруваат со проекти и идеи, тие се препукуваат во национализам со лидерот на ДУИ, Али Ахмети.

„ Десничарска влада на чело со ВМРО може лесно да ги наруши меѓуетничките односи во државата.

Видете како предизборната кампања, Мицкоски и Силјановска наместо во натпревар на проекти и идеи ја претворија во националистички скандирања и препукувања со лидерот на ДУИ, Али Ахмети.

Испратете им јасна порака и на Мицкоски и на Ахмети и на Силјановска и на едните и на другите дека ниту еден граѓанин не сака да се вратиме повеќе од 20 години наназад дека не сакаме повторно да се распалат меѓуетничките тензии. Испратете им ја оваа порака на 8-ми мај затоа што само така ќе им покажеме дека Македонија има прогресивни и умни луѓе кои сакаат европска иднина, а не враќање во минатото на конфликти и војни и спасување на кариерите на Али Ахмети, Христијан Мицкоски и Силјановска Давкова. “, порача претседателот Ковачевски од митингот во Радовиш.

Ковачевски додава дека е потребен силен СДСМ во собранието од проста причина да не се дозволи ВМРО-ДПМНЕ повторно да владее неконтролирано и да се коцка со иднината, стабилноста и безбедноста во државата.

„СДСМ на овие избори оди заедно со граѓаните кои веруваат дека Македонија има капацитет да изгради подобра иднина. СДСМ на овие избори оди заедно со граѓаните кои веруваат во европска Македонија и кои се подготвени да се борат за таа иднина”, вели Ковачевски и порача дека никогаш и по ниту една цена нема да дозволат некој да ја уназадува државата, нути пак да се игра со иднината на нашите деца.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

СДСМ: Мицкоски коленичи пред Гаши, ова е…

Малку требаше за Мицкоски да си ги…

Филипче до Гир: Се сомневам во намерите…

Претседателот на СДСМ, проф. д-р Венко Филипче,…

СДСМ: Гаши да одговора!

Откако не успеаја да го скријат скандалот…

СДСМ: И во наше време Османи сакаше…

Најголемата опозициска партија СДСМ упати низа обвинувања…

СДСМ до Мицкоски: Aко имаш докази објави…

„Откако дојде на власт, Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ…