Димитриевски му одговори на Мицкоски: Не очекувам повеќе од човек чиј политички татко е Никола Груевски да успее да се извлече од таа матрица
Претседателот на ЗНАМ, Максим Димитриевски во своето госување во емисијата 24 анализа одговори на навредите од Христијан Мицкоски дека тој е тројански коњ во опозицијата потенцирајќи дека тој не успеал да излезе од матрицата на Никола Груевски кој според Димитриевски е негов политички татко.
-Имаше некои неосновани обвинувања на еден од нивните митинзи и искрено не очекувам повеќе од човек чиј политички татко е Никола Груевски да успее да се извлече од таа матрица. Во делот на кукавичлук, во делот на тројански коњ во опозицијата да тука погодил господинот Мицкоски една од омилените книги ми е Илијада и омилениот лик ми е Хектор поради неговата доблесност да се жртвува за својот народ, нација и град. Но сепак далеку сум јас од Тројански коњ или било што друго. Нашата политика заедно со мојот тим ќе ја градам врз основа на принципи. Доколку Македонија е пред таков предизвики и да мора да и се гарантира политичка стабилност јас секогаш заедно со моите сопартијци ќе ги ставиме во втор план партиските, а националните и државните интереси во втор план. Инаку на Македонија и е повеќе од потребно национално македонско обединување по примерот на Албанците, вели Димитриевски.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Мицкоски: Цените на храната и пијалаците во…
Податоците на Евростат покажуваат дека Македонија има…
СВЕТСКИТЕ РАЗВОЈНИ БАНКИ НАЈАВИЈА ЗАСИЛЕНО ФИНАНСИРЊЕ ПРОЕКТИ…
Мултилатералните развојни банки воспоставија нова рамка за…
Македонскиот бизнисмен Никола Андреевски на вечера со…
Никола Андреевски, еден од истакнатите македонски претприемачи…
Фрлен солзавец во ноќен клуб во БиХ,…
Ноќна забава во Тешањ, Босна и Херцеговина,…
Зеленски: Ќе биде историска грешка ако САД…
Украинскиот претседател Володимир Зеленски во неделата предупреди…