Објавено на:

Трагедија: Две лица загинаа, едно е повредено во сообраќајката на патот Радовиш-Штип

t

Во сообраќајната несреќа што се случи на магистралниот пат Радовиш-Штип загинаа двајца возачи, а сопатничка од едното возило е пренесена во штипската Болница.

Веста ја потврди портпаролката на СВР Струмица, Александра Трајанова, која информираше дека во несреќата учествувале автомобили „пасат“ и „опел“.

„На местото на несреќата починале возачите на двете возила, а сопатничка од патничкото возило „опел” е пренесена во Медицински центар Штип“, изјави Трајанова.

Увид на местото на несреќата врши јавен обвинител, а сообраќајот се пренасочува по стариот пат.

Од полицијата повеќе детали за несреќата најавуваат за утре.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Страшна несреќа утрово во Хрватска: Се преврте…

Страшна несреќа се случи утрово на автопатот…

Вилма Русковска се приклучи на протестниот марш…

Вилма Русковска се приклучи на протестниот марш…

Обвинителството ги повикува граѓаните кои имаат докази…

Обвинителскиот тим кој постапува во предметот на…

Обвинение за српскиот војник кој предизвика сообраќајка…

Вишото јавно обвинителство Краљево поднесе обвинителен акт…

Човек загина по удар од воз кај…

На железничката пруга кај булеварот „Србија“, синоќа…