ЗАГИНАТИТЕ ИМАЛЕ 27 И 49 ГОДИНИ: Детали од сообраќајката на патот Радовиш-Штип
Полицијата соопшти детали за тешката сообраќајна несреќа што се случи вчера на магистралниот пат Радовиш-Штип, а во која животите ги загубија две лица.
Од МВР информираат дека на местото на несреќата починале двајцата возачи од Радовиш кои управувале со возила „пасат“ и „опел“, од кои едниот имал 27 години, а другиот бил на 49-годишна возраст.
Сообраќајна несреќа се случила помеѓу патничко возило ‘пасат’ со радовишки регистарски ознаки, управувано од М.Л. (27) од Радовиш и патничко возило ‘опел’ со пробни регистарски таблички, управувано од Ж.Г. (49) од Радовиш. На местото на несреќата починале возачите на двете возила, а смрт констатирал лекар од Здравствениот дом Радовиш“,соопшти МВР.
Единствена преживеана е сопатничката од „опелот“, на возраст од 41 година, која се здобила со тешки телесни повреди.
„Увид на местото на несреќата извршиле јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица и екипа на Полициската станица Радовиш“, велат од МВР.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Европа во пламен! Еве каде сѐ…
Протести поради растот на трошоците за живот,…
Кинеската економија порасна за 4,5% благодарение на…
Кинеската економија во периодот јули–септември пораснала за…
(Видео) Кандидатот на Влен отиде лично да…
Кандидатот за градоначалник на општина Брвеница од…
Авион на линија Тел Авив-Виена принудно слета…
Авион на линијата Тел Авив – Виена…
Трамп го поддржа Нетанјаху пред изборите во…
Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изрази поддршка…