Објавено на:

Ужас во регионот: Син си ја убил својата мајка, па мирно седнал во кафеана

t

Загрепската полиција вчера соопшти за убиство на 68-годишна жена, што се случи во саботата наутро во семеен дом во областа Врапч, посочувајќи дека се работи за кривично дело „тешко убиство на жена“.

-Вчера, 4 мај, во утринските часови во месноста Чрномерац во куќата, според досега прибраните информации, 28-годишен член на семејството нанел повеќе убодни рани со остар предмет на 68-годишна жена со намера да ја лиши од животот, по што починала на лице место. Од местото на злосторството, Одделот за истраги и криминалистика во Загреб, телото е пренесено во Институтот за судска медицина и криминалистика.

Според неофицијални информации, осомничениот маж е синот на жртвата А.К.(28).

По извршеното кривично дело, тој мирно се оддалечил од куќата, а ниту соседите, ниту сестрата на мајка му, која живее со своите деца над нив, не слушнале бучава или галама. Наводно, мртва ја нашла нејзината сестра, која отишла нешто по 10 часот да провери зошто утрото не дошла кај неа на кафе. Затекнала страшна глетка, па веднаш повикала полиција.

По завршувањето на кривичната истрага заедно со кривичната пријава за тешко убиство, осомничениот денеска ќе биде изведен на распит во надлежното државно обвинителство.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

24 годишна девојка од Подмочани возела 142…

На 19.10.2026 во 14:30 часот на регионален…

Амбасадорката на САД, Никол Варнс во посета…

Општина Делчево денеска беше домаќин на амбасадорката…

(Видео) Сопственик на златара се обидел да…

Четири милиони денари вреден златен накит, што…

Обвинителите бараат Уставниот суд итно да го…

Советот на јавните обвинители на Република Северна…

Администрацијата на Трамп ја одложи испораката на…

Администрацијата на Трамп не го одобри трансферот…