Руската војска започнува со вежби за употреба на нестратешко нуклеарно оружје
Генералштабот на Русија ги започна подготовките за изведување воени вежби на ракетните единици на Јужниот округ со вклучување на авијација и поморски сили, соопшти руското Министерство за одбрана.
„По наредба на врховниот командант на вооружените сили на Руската Федерација, со цел да се зголеми подготвеноста на нестратешките нуклеарни сили за извршување борбени задачи, Генералштабот започна со подготовки за одржување вежби на ракетните единици на Јужен воен округ со учество на авијација и поморски сили“, се вели во соопштението.
Министерството за одбрана прецизираше дека за време на вежбите ќе бидат спроведени низа активности за практична подготовка и употреба на нестратегиско нуклеарно оружје.
Во соопштението се нагласува дека вежбите се одговор на провокативните изјави и закани на одредени западни функционери.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Воен авион се урна во Русија, загинаа…
Тешка авионска несреќа со воен авион се…
Русија се закани со нуклеарен одговор во…
Руската амбасада во Велика Британија денеска предупреди…
Украинскиот град Олешки се соочува со глад…
Украинските сили доставија околу 4 тони храна…
Русија тестираше борбен ласер против беспилотни летала…
Припадници на руските единици за радиолошка, хемиска…
Руски дронови ја запалија украинската Национална академија…
Руски беспилотни летала го нападнаа центарот на…