(Фото) Тројца повредени во стравотна сообраќајка во скопско Влае, едно од возилата преполовено
Триесет и двегодишна скопјанка е тешко повредена, а кај две лица се констатирани телесни повреди во стравотна сообраќајна несреќа што ноќеска се случила на крстосница во скопската населба Влае.
Според информациите на Министерството за внатрешни работи (МВР), сообраќајната несреќа во Секторот за внатрешни работи (СВР) Скопје била пријавена во 2:25 часот. Се случила на крстосницата од булеварот „Партизански одреди“ и улицата „Ангел Динев“, а во неа учествувале две возила, едното марка „шевролет“ зад чиј волан била 32-годишната Е.С. и автомобил „ауди“, кој бил управуван од 27-годишниот Б.А. од скопски Сарај.

За стравотноста на несреќата говори глетката која и неколку часа по неа можеше да се забележи на местото во близина на мостот „Влајко“. „Шевролетот“ во кој била Е.С. стоеше буквално преполовен на булеварот, додека „аудито“ се наоѓаше на неколку метри од него.
Скопјанката била пренесена во Клиничкиот центар „Мајка „Тереза“ каде ѝ биле констатирани тешки телесни повреди.
Возачот на „аудито“ Б.А., според МВР, се здобил со телесни повреди, констатирани во Градската општа болница „8 Септември“. Со телесни повреди се здобил и неговиот сопатник И.А.(32) од скопското село Љубин. Тој, како што информираат од полицијата, бил пренесен во Градската општа болница „Свети Наум Охридски“.
За настанот бил известен јавен обвинител, а увид извршила увидна екипа од СВР Скопје, информираат од МВР.
Извор: 360 степени
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
СЕМЕЈНА ДРАМА ВО ТЕТОВО! Побарал пари од…
Триесет и шестгодишен жител на Тетово бил…
Утре до 23 степени, од четврток промена…
Времето утре ќе биде сончево со мала…
Прозападната опозиција во Чешка победи во вториот…
Прозападните опозициски партии постигна голема победа во…
Алигатор долг 3,6 метри усмрти 71-годишен маж…
Седумдесет и едногодишниот Стив Хамилтон загинал во…
Ел Сиси: Египет ќе ја брани Саудиска…
Египетскиот претседател Абдел Фатах ел Сиси изјави…