Годишната стапка на инфлацијата во Македонија во април 2024 година достигна 4 проценти
Годишната стапка на инфлацијата во Македонија во април 2024 година достигна 4 проценти, во споредба со истиот месец минатата година. Цените на мало се зголемиле за 3,5 отсто, објави Државниот завод за статистика.
– Индексот на трошоците на животот во април 2024 година, во однос на април 2023 година, бележи зголемување од 4,0 проценти, а индексот на цените на мало бележи зголемување од 3,5 отсто – се наведува во соопштението на ДЗС.
Воедно во него е посочено дека инфлацијата мерена преку индексот на трошоците на животот во април 2024 година, во однос на март 2024 година, изнесува 0,7 отсто.
– Зголемувањето на инфлацијата во април 2024 година, во однос на март 2024 година, е резултат на зголемувањето на трошоците на животот во следните групи: транспорт за 2,8 проценти, комуникации за 1,6 отсто, храна и безалкохолни пијалаци, облека и обувки за 0,9 проценти, рекреација и култура, ресторани и хотели за 0,6 отсто, разновидни стоки и услуги за 0,4 проценти и здравје за 0,2 отсто – се наведвуа во соопштението на ДЗС.
Истиот месец во однос на март 2024 година, статистичкарите забележале намалување на трошоците на животот во групите: мебел, покуќнина и одржување на домаќинствата за 0,5 отсто и домување, вода, електрика, гас и други горива за 0,2 проценти.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Никакво рационално објаснување зошто се чекаше…
Нема никакво рационално објаснение зошто после полни…
Инфлацијата повторно расте – храната поскапе, а…
Инфлацијата во Македонија во мај се искачи…
Инфлацијата ја јаде платата, народот го плаќа…
Инфлацијата ја јаде платата, народот го плаќа…
Вајц: Бев мета затоа што одбив да…
Тој се пожали дека бил цел на…
Важно известување: АХВ со нови мерки за…
Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) воведе…