Во израелските напади оштетени или уништени се околу 50 проценти од зградите во Појасот Газа
Од почетокот на војната помеѓу Израел и Хамас до 21 април, според анализата на сателитските снимки на два американски истражувачи, уништени или оштетени се 56,9 проценти од зградите во Појасот Газа односно вкупно 160.000.
Според истражувачите најголемо разурнување имаше во првите три месеци од судирот.
Во првите шест недели од војната 60 проценти од здравствените институции се оштетени или разурнати.
УНИЦЕФ на 25 април објави дека 408 училишта се оштетени (најмалку 72,5 отсто), како и 61,5 проценти од џамиите се оштетени или уништени.
Според процените на ОН од почетокот на мај за обнова на Појасот Газа потребни се од 30 до 40 милијарди долари.
Во меѓувреме, палестинското Министерство за здравство во Газа соопшти дека во израелската офанзива преземена по 7 октомври минатата година, кога Хамас го нападна Израел, загинале 34.789 луѓе. Според податоци на Обединети нации, 70 отсто од жртвите се жени и деца. (МИА)
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
„Анима Мунди“ бара хумано згрижување на кравите…
Здружението за заштита на животните „Анима Мунди“…
Хорор во Србија: Десет деца повредени на…
Десет деца на возраст од осум и…
Конечно ќе се заврши зградата на ФИНКИ:…
Наскоро ќе биде објавен тендер за изведувач…
Теута Арифи по рочиштето: „Невина сум, не…
Пред тетовскиот суд денеска започна судскиот процес…
Ангелов го упатил граѓанинот да пријави барање…
Стојанче Ангелов го упатил граѓанинот да пријави…