Се откачи рингишпил на панаѓур во Србија- 13 повредени , меѓу кои повеќето се деца
На панаѓур во Куршумлија излета дел од конструкцијата на рингишпилот и во таа прилика се повредени 13 лица, од кои едно потешко, потврди за Танјуг лекарот од Здравствениот дом Куршумлија, Славиша Дошовиќ.
– Екипите се на терен. Засега едно лице е во тешка состојба и со возило на брза помош итно е префрлена во Прокупље – изјави Дошовиќ, пренесе Телеграф.
Вртелешката била поставена на платото кај автобуската станица, а МВР на Србија наведува дека полицијата и итната помош се на терен.
Досега во болницата во Прокупље влегле пет возила на Брза помош. Според неофицијални информации, повеќето од повредените се деца.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Николоски: Со изградбата на коридорите 8 и…
Амбицијата на Владата е огромна, да се…
Европа влегува во зимата со ниски резерви…
Европа ја пречекува зимата со пониски резерви…
Страшен случај на семејно насилство: Малолетно девојче…
Сериозен случај на сомневање за насилство и…
„Фолксваген“ планира замрзнување на платите до 2030…
Германскиот автомобилски концерн „Фолксваген“ планира да ги…
Вучиќ: Нема да дозволиме да ја украдат…
На самиот крај од изборната кампања, пред…