Тешка сообраќајна несреќа: Возач од Делчево почина на лице место, совозачот заврши во болница
На 08.05.2024 во 22.20 во Полициската станица Виница било пријавено дека на магистралниот пат Македонска Каменица – Виница, на место викано „Каменолом”, патничко возило „фолксваген тигуан” со делчевски регистарски ознаки, управувано од Д.Ј.(42) од Делчево, излетало од коловозот. На местото на несреќата од здобиените повреди починал возачот, а лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт. Сопатникот Д.Г.(33) од Делчево се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски” во Скопје. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Виница.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Уапсен e возачот по трагедијата во која…
Полицијата го уапси возачот на автомобилот по…
Камионот што ја предизвика тешката сообраќајна несреќа…
Товарното моторно возило со косовски регистарски таблички…
(Фото) Слета во бездна длабока 150 метри,…
Возачот кој утрово со својот автомобил слета…
Пронајден е возачот што удри две лица…
Денеска (16.05.2026) полициски службеници од Единицата за…
Тројцата загинати работници веројатно се од Непал…
Основното јавно обвинителство Штип изврши увид на…