Објавено на:

Пленковиќ ги собра потписите и го доби мандатот за формирање на Влада во Хрватска

t

Претседателот на Хрватска, Зоран Милановиќ ги прими потписите од ХДЗ и Андреј Пленковиќ кои му ги донесоа потписите на пратениците во хрватскиот Сабор како дел од постапката за доделување мандат за состав на нова Влада.

„По поднесувањето на потписите на 78 избрани пратеници на 11-тото свикување на хрватскиот Сабор, ми беше доверен мандатот за формирање на хрватската влада. А во третиот мандат продолжуваме да работиме за подобрување на Хрватска“, напиша Андреј Пленковиќ на социјалната платформа Х.

Пленковиќ вчера објави дека ги има потребните 76 потписи за формирање трета влада, но денеска на Пантовчак донесе 78.

Потписите ги дадоа 61 претставник на ХДЗ, 12 претставници на Движењето Татковина и Весна Вучемиловиќ и четворица претставници на националните малцинства.

По поднесувањето на потписите, Пленковиќ не даде изјави за медиумите.

Кога пристигна во Пантовчак, само накратко им забележа на новинарите: „Уште сте тука, добро е за демократијата“, најверојатно алудирајќи на тоа дека на првата покана од претседателскиот кабинет не биле поканети медиумите и дека Набрзо следеше и втората покана на која беа поканети медиумите.

Ниту претседателот на Републиката не даде изјави по предавањето на потписите.

Милановиќ донесе одлука првата седница на хрватскиот Сабор да се свика за в четврток на 16 мај.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Меџити: Иван Стоилковиќ не е важен…

Иван Стоилковиќ не е важен и не…

Многу гордо: Мицкоски договорил заедничка седница на…

Косово и Македонија ќе имаат заедничка владина…

Данец со камера скриена во пенкало, снимал…

Полицијата во Ровињ спровела кривична истрага и…

Влада во Влада: Владините функционери од ВЛЕН…

Продолжува паралелното функционирање на членовите на Владата…

Радев го додели третиот мандат: Мала е…

Претседателот на Бугарија Румен Радев му ја…