Борел: Шпанија, Малта, Ирска и Словенија наскоро официјално ќе ја признаат Палестина
Шпанија, Малта, Ирска и Словенија наскоро официјално ќе ја признаат државата Палестина, што би можело да ги поттикне и другите земји од ЕУ да го сторат истото, изјави денеска високиот претставник на Европската унија за надворешна политика и безбедност, Жозеп Борел.
Тој потврди дека добил гаранции од шпанскиот министер за надворешни работи Хозе Мануел Албарес дека Мадрид официјално ќе ја признае Палестина на 21 мај.
Борел рече дека Белгија сега нема да ја признае независна Палестина, но дека Брисел „не ја исклучува“ таа можност во иднина, пренесува шпанска РТВЕ.
Министерката за надворешни работи на Словенија, Тања Фајон, во четвртокот изјави дека Владата на Словенија ја започнала процедурата за „признавање на независната, суверена држава Палестина“.
Фајон објасни дека одлуката на словенечката влада се заснова на границите меѓу Израел и Палестина од 1967 година, што значи дека територијата на Палестина би ги опфаќала Појасот Газа, Западниот Брег и Источен Ерусалим.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Палестински функционери: Пет лица убиени во напади…
Во денешните израелски напади врз Појасот Газа…
Трамп се закани на Палестинците дека ќе…
Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп се…
(Видео) Палестински и израелски мајки на босоног…
Палестински и израелски мајки предводеа босоног марш…
Половина милион луѓе се собраа во Истанбул…
Илјадници луѓе се придружија на новогодишниот собир…
Пирц Мусар: Нема да дозволиме крај на…
Претседателката на Република Словенија, Наташа Пирц Мусар,…