Објавено на:

Средба на министрите за правда од Г7 во Венеција

t

Министрите за правда од Групата седум индустриски најразвиени држави (Г7) за време на дводневната конференција што се одржа во Венеција.разговараа за употребата на вештачката интелигенција (ВИ) од страна на судските власти на законски прифатлив начин, пренесува ДПА.

Тема на конференцијата, одржана вчера и денеска, беше како да се постават ограничувања за употребата на машинското учење и роботиката. Италија во моментов претседава со Г7. Во објава на Икс, италијанскиот министер за правда Карло Нордио ја опиша главната тема како „Борбата против транснационалниот организиран криминал, со фокус на трговијата со дрога и перењето приноси од криминал“.

Освен Италија, Г7 се состои од Канада, Франција, Германија, Јапонија, Обединетото Кралство и САД. На состанокот присуствуваа и претставници на Европската Унија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Венецијанските власти планираат двојно зголемување на таксата…

Како што најавуваат градските власти на Венеција,…

Франс прес: Земјите од Г7 се согласија…

Земјите од Г7 се согласија да и…

„Фајненшл тајмс“: Г7 размислува за заем од…

Сојузниците на Вашингтон од Г7 го разгледуваат…

Средба на министрите за правда од Г7…

Министрите за правда од Групата седум индустриски…

Земјите на Брикс со повисок економски раст…

Земјите од БРИКС се сметаат за петте…