ВМРО-ДПМНЕ одговори на заканите од ДУИ за дестабилизација ако не останат на власт

t

ВМРО-ДПМНЕ жестоко ги отфрла неоснованите обвинувања и тактиките за поттикнување страв што ги користи ДУИ. Македонскиот народ се изјасни низ демократските процеси, а обидите за поткопување на неговата волја се неприфатливи, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ по заканите од ДУИ за можна нестабилност доколку не останат во власта.

Обидите на ДУИ да се сликаат како бранители на албанските права не се ништо друго туку фасада за прилепување до власта по секоја цена. Нивното искуство доволно говори за нивните вистински намери. ВМРО-ДПМНЕ, заедно со коалицијата на македонските Албанци „Вреди“, се залага за правда, транспарентност и вистинска застапеност за сите граѓани на Македонија. Нема да нè поколебаат тактики или закани за поделби. Нашиот фокус е поддржување на владеењето на правото, промовирање на единството и унапредување на интересите на сите граѓани, без разлика на етничката припадност. Ја повикуваме ДУИ конструктивно да се вклучи во демократските процеси наместо да прибегнува кон тактики на страв и манипулации. Иднината на Македонија е во единството, а не во поделбата, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

27-годишна скопјанка повеќе од еден месец била…

27-годишна девојка пријавила дека повеќе од еден…

На 25 октомври започнува зимското сметање на…

Зимското сметање на времето годинава започнува на…

Папата Лав XIV денеска излегува од болница…

Поглаварот на Римокатоличката црква, папата Лав XIV,…

Контрадикторни изјави во Бугарија за Ива: „Легално“…

Наспроти тврдењето на бегалката од македонската правда…

Македонија има злато во карате: Марко Џорлев…

Македонскиот каратист, Марко Џорлев на Светското првенство…