Дали конечно паѓа цената на кафето?

t

Стапката на раст на потрошувачките цени на кафето во Европската унија се намалува во текот на изминатата година и половина и изнесуваше 1 процент во март во споредба со 13,5 проценти во март 2023 година и се приближува до нивото од јули 2021 година од 0,8 проценти, објави денес Евростат.

Заводот за статистика на ЕУ соопшти дека стапката на инфлација на цената на кафето се намалува од октомври 2022 година, кога достигна врв на 17,4 отсто, по остриот пораст што започна во октомври 2021 година, кога беше 2 отсто.

Иако растот на цените на кафето во ЕУ генерално е забавен, постојат значителни разлики на ниво на земјите-членки.

Во 15-те земји на ЕУ, стапката на инфлација на кафето во март 2024 година е повисока отколку во март 2023 година, а најголем раст на стапките на инфлација е забележан во Хрватска (7,4 отсто), Романија (6,8) и Бугарија (6,6).

Останатите 12 земји од ЕУ забележаа пад на инфлацијата на цената на кафето во март 2024 година, а највисоки негативни стапки на инфлација беа забележани во Финска (15,5 отсто) и Литванија (15,4), потоа Данска (7,5), Чешка (6,5 ) и Шведска (6,0).

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

СЕМЕЈНА ДРАМА ВО ТЕТОВО! Побарал пари од…

Триесет и шестгодишен жител на Тетово бил…

Утре до 23 степени, од четврток промена…

Времето утре ќе биде сончево со мала…

Прозападната опозиција во Чешка победи во вториот…

Прозападните опозициски партии постигна голема победа во…

Алигатор долг 3,6 метри усмрти 71-годишен маж…

Седумдесет и едногодишниот Стив Хамилтон загинал во…

Ел Сиси: Египет ќе ја брани Саудиска…

Египетскиот претседател Абдел Фатах ел Сиси изјави…