Објавено на:

Свирежи за време на генералната проба на израелската претставничка на Евровизија

t

На генералната проба пред вечерашната финална вечер на Евровизија за време на настапот на Еден Голан, претставникот на Израел, повторно се слушнаа гласни свирежи од публиката во Малме.
Голан (20) и синоќа беше исвиркана од пробата, но и покрај презирот и огорченоста на дел од публиката кон настапот на израелската претставничка, таа важи за една од фаворитите со песната „Ураган“, пренесува Тајмс оф Израел.


Овогодинешната Евровизија е проследена со бројни инциденти, од протести поради настапот на Израел до дисквалификацијата на Холандија.
Иако на вчерашната проба и симулација за гласање пред финалната вечер на Евровизија беше одлучено Финска да му додели 12 поени на Израел, финскиот водител одби да му додели гласови на Израел и ги додели на Ирска.
Во четвртокот во Малме беше организиран протест против учеството на израелскиот претставник Еден Голан, а полицијата процени дека се собрале меѓу 6.000 и 8.000 луѓе.


Толпата извикуваше пропалестински слогани „Од реката до морето, Палестина ќе биде слободна“ и „Израел е терористичка држава“, објави претходно АП.
Организаторите на Евровизија не ги послушаа повиците Израел да биде исклучен од натпреварот поради воената операција во Појасот Газа, велејќи дека „натпреварот не е политички“, но демонстрантите се пожалија на двојни стандарди бидејќи Русија беше забранета од Евровизија 2022 година поради конфликтот во Украина.
Синдикатите на вработените во белгиската телевизија ВРТ 1 накратко го прекинаа вчерашното емитување на полуфиналето на Евровизија со цел да повикаат на прекин на огнот во Газа.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Израел се подготвува за нови напади: Мобилни…

Израелските власти започнале со распоредување мобилни засолништа…

Бен-Гвир ќе бара екстрадиција во Израел на…

Израелскиот министер за национална безбедност Итамар Бен-Гвир…

Нетанјаху тврди дека има „индикации“ за можни…

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху предупреди дека постојат…

Израел го уби шефот за финансии на…

Израелските одбранбени сили (ИДФ) и Шин Бет…

Кац: Израелската армија е подготвена да ја…

Израелскиот министер за одбрана Израел Кац во…