Мишел и Фон дер Лајен со честитки во Силјановска Давкова: Очекуваме соработка на европскиот пат на земјата
Претседателите на Европската комисија и на Советот на ЕУ, Урсула фон дер Лајен и Шарл Мишел упатија честитки до претседателката Гордана Силјановска Давкова по повод нејзиното официјално стапување на претседателската функција, нагласувајќи ја определбата за соработка во продолжување на европскиот пат на земјата.
– Честитки Гордана Силјановска-Давкова, првата жена претседател на Македонија. Вашето лидерство доаѓа во клучен момент, додека вашата земја ги унапредува своите реформи и продолжува на патот кон ЕУ. Со нетрпение очекувам да соработувам со вас, наведе Фон дер Лајен во објава на Икс.
Честитки, како што наведе, до новата претседателка на Македонија, Гордана Силјановска Давкова, преку платформата Икс упати и Мишел.
– Со нетрпение очекувам да соработувам со вас на унапредување на патот на Македонија кон ЕУ, преку спроведување на реформите и обврските. Иднината на Македонија и Западниот Балкан е во ЕУ, наведе Мишел во објавата.
Фон дер Лајен во посебна објава на Икс порача и дека „за Македонија да го продолжи својот успешен пат кон пристапувањето во ЕУ, најважно е земјата да продолжи по патот на реформите и целосно почитување на нејзините обврзувачки договори, вклучително и Договорот од Преспа.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
СЕМЕЈНА ДРАМА ВО ТЕТОВО! Побарал пари од…
Триесет и шестгодишен жител на Тетово бил…
Утре до 23 степени, од четврток промена…
Времето утре ќе биде сончево со мала…
Прозападната опозиција во Чешка победи во вториот…
Прозападните опозициски партии постигна голема победа во…
Алигатор долг 3,6 метри усмрти 71-годишен маж…
Седумдесет и едногодишниот Стив Хамилтон загинал во…
Ел Сиси: Египет ќе ја брани Саудиска…
Египетскиот претседател Абдел Фатах ел Сиси изјави…