Изгореа две возила на паркинг во Кисела Вода
– Денеска во 03.36 часот во СВР Скопје било пријавено дека во Скопје, на паркинг на подрачјето на Кисела Вода, настанал пожар во патничко возило „опел“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на А.Ј.(33) од Скопје и патничко возило „пежо“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на правно лице од Скопје, а паркирано од В.П.Г.(57). Од страна на Бригадата за противпожарна заштита пожарот бил изгаснат, информираше полицијата.
Повредени лица нема. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје и се преземаат мерки за расчистување на случајот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
СЕМЕЈНА ДРАМА ВО ТЕТОВО! Побарал пари од…
Триесет и шестгодишен жител на Тетово бил…
Утре до 23 степени, од четврток промена…
Времето утре ќе биде сончево со мала…
Прозападната опозиција во Чешка победи во вториот…
Прозападните опозициски партии постигна голема победа во…
Алигатор долг 3,6 метри усмрти 71-годишен маж…
Седумдесет и едногодишниот Стив Хамилтон загинал во…
Ел Сиси: Египет ќе ја брани Саудиска…
Египетскиот претседател Абдел Фатах ел Сиси изјави…