Се тепале во кафеана во Драчево, напад имало и во казино – Низа инциденти во Скопје
Изминатите денови низа инциденти и физички пресметки на подрачјето на главниот град.
Се тепале во угостителски објект во Драчево, млад скопјанец бил нападнат во Центар, а инцидент имало и пред едно казино.
Ова се деталите од полицискиот билтен:
– Вчера во 00.20 часот во СВР Скопје, А.М.(41) од Скопје пријавил дека на 12.05.2024 околу 23.50 часот, пред казино на подрачјето на Центар каде работел, бил физички нападнат од три лица, кои претходно имале забрана за влез во објектот. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
– На 12.05.2024 во 23.10 часот во СВР Скопје, Р.П.(23) од Скопје пријавил дека околу 21.30 часот на подрачјето на Центар бил физички нападнат од едно лице. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
– На 12.05.2024 во 14.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека во угостителски објект на подрачјето на Драчево, А.К.(31) бил физички нападнат од С.Б.(42) и Д.Д.(39), сите од Скопје, при што биле употребени стаклени и остар предмет. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
СЕМЕЈНА ДРАМА ВО ТЕТОВО! Побарал пари од…
Триесет и шестгодишен жител на Тетово бил…
Утре до 23 степени, од четврток промена…
Времето утре ќе биде сончево со мала…
Прозападната опозиција во Чешка победи во вториот…
Прозападните опозициски партии постигна голема победа во…
Алигатор долг 3,6 метри усмрти 71-годишен маж…
Седумдесет и едногодишниот Стив Хамилтон загинал во…
Ел Сиси: Египет ќе ја брани Саудиска…
Египетскиот претседател Абдел Фатах ел Сиси изјави…