МВР поднесе кривична против тројца дилери на кокаин и марихуана
Денеска, Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал – Сектор за криминалистички истраги – Единица за недозволена трговија со дрога до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција поднесе кривична пријава против три лица од Кавадарци и Неготино, поради постоење на основи на сомнение дека сториле кривичното дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори” по член 215 од Кривичниот законик.
Имено, во периодот од јануари до април 2024 година лицата се здружиле заради неовластена продажба и пуштање во промет на марихуана и кокаин и за таа цел купувале, држеле, пренесувале, продавале и посредувале во неовластена продажба на дрога. За време на спроведувањето на криминалистичкото истражување обезбедени се материјални докази и утврдено е дека во наведениот период пријавените пуштиле во промет поголема количина на кокаин и марихуана.
Лицата ќе бидат спроведени пред судија за претходна постапка, известија од МВР.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Бесплатен аеробик за пензионерите во општина Аеродром
Општина Аеродром овозможува бесплатни рекреативни активности за…
Манасиевски: Барбов да каже дали под притисок…
Валентин Манасиевски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ одржа прес-конференција…
Пијан маж ја нападнал сопствената мајка во…
На ден 16.10.2026 во 18:40 часот на…
Филипче ја обвини Владата за попречување на…
Младите имаат право на научно засновани информации…
Оружје и голема количина кокаин најдени во…
Вчера во периодот од 15:00 до 16:30…