Трагично згасна животот на 18 годишен матурант во Македонија
Средното стручно општинско училиште „Моша Пијаде“- Тетово со емотивна објава се прости од својот матурант Елдон Шабани чиј живот згасна на трагичен начин.
– Со длабока тага ја примивме горчливата вест за смртта на нашиот ученик, нашиот многу сакан и почитуван матурант, Елдон Шабани. Им изразуваме сочувство на неговите родители, семејството и сите негови пријатели. Се молиме на Семоќниот Бог на нашиот матурант Елдон Шабан, да му биде даруван Рајот и да му даде трпение на семејството во овие многу тешки моменти… Секогаш ќе останеш во нашите срца, драг Елдон., се вели во објавата на Средното стручно општинско училиште „Моша Пијаде“- Тетово.
СВР Тетово пред неколку дена соопшти дека е пријавено дека 18-годишно момче било пронајдено мртво во неговиот дом.
На 13.05.2024 година околу 18,00 часот во СВР-Тетово, од Ургентен центар на Клиничката болница Тетово, пријавено е дека во болница е донесено лицето Е.Ш. (18) од Тетово. Според пријавата, неговата мајка и сестра го пронашле без свест во бањата во нивната семејна куќа.
Смрт без траги на насилство констатирал лекар, а увид на местото на настанот извршиле јавен обвинител и екипа од СВР Тетово, соопшти полицијата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
СЕМЕЈНА ДРАМА ВО ТЕТОВО! Побарал пари од…
Триесет и шестгодишен жител на Тетово бил…
Утре до 23 степени, од четврток промена…
Времето утре ќе биде сончево со мала…
Прозападната опозиција во Чешка победи во вториот…
Прозападните опозициски партии постигна голема победа во…
Алигатор долг 3,6 метри усмрти 71-годишен маж…
Седумдесет и едногодишниот Стив Хамилтон загинал во…
Ел Сиси: Египет ќе ја брани Саудиска…
Египетскиот претседател Абдел Фатах ел Сиси изјави…