Објавено на:

Познато е што ќе се случува по смртта на иранскиот претседател: Еве кој е неговиот наследник!

t

Иранскиот огранок на хуманитарната мрежа на Црвената полумесечина во раните утрински часови соопшти дека нејзините тимови за пребарување и спасување стигнале до местото на несреќата и „не нашле знаци дека патниците во хеликоптерот се живи“. Али Хашем од Ал Џезира објави слики на социјалната мрежа „Х“, наводно, на кои се гледа местото на несреќата.

Што ќе се случува сега?

Хамнеи, врховниот верски лидер на Иран, изјави за државната телевизија пред да бидат пронајдени остатоците дека „народот на Иран не смее да биде вознемирен или загрижен“ и дека нема да има нарушување на владеењето на земјата. Но, со официјализирањето на смртта на претседателот Раиси, сега се поставува прашањето кој би можел да го наследи.

Според иранскиот закон, ако претседател почине за време на функцијата, првиот потпретседател ја презема власта и се распишуваат избори во рок од 50 дена. Првиот потпретседател на Иран е конзервативниот Мохамад Мокбер.

КОЈ Е МОХАМАД МОХБЕР?

Потенцијалниот наследник на Раиси е долгогодишен лојалист на режимот. На 69 години, Мокбер е поранешен офицер во Корпусот на револуционерната гарда и поранешен шеф на Сетад, моќна економска организација контролирана од Врховниот водач. Според истрагата на Ројтерс од 2013 година, Сетад има деловна империја вредна околу 95 милијарди долари во тоа време, делумно заснована на средства запленети од верски или други малцинства и Иранци кои живеат во странство. Тоа беше, како што тогаш пишуваше Ројтерс, столб на трајната моќ на врховниот лидер.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ерусалим пост го цитира иранскиот МНР: ИРАН…

Иран одлучи да го нападне Израел, изјави…

САД ќе испратат борбено засилување на Блискиот…

Американската војска ќе распореди дополнителни борбени авиони…

Иран крена црвено знаме над џамијата, еве…

ИРАН го крена црвеното знаме на одмазда…

СИЛЕН ЗЕМЈОТРЕС ВО ИРАН: Најмалку 4 лица…

Најмалку четири лица загинаа, а 120 се…

Иран за првпат има жена кандидат за…

Зохре Елахиан стана првата жена што се…