Општина Карпош за „забавниот парк“: Се работи за насилник за кого не важи законот, надлежните најостро да го санкционираат!
Општина Карпош демантира дека е издадено какво било одобрение за поставените реквизити за рингишпил во близина на спортскиот центар „Борис Трајковски“ и за функционирање на забавниот парк од едноставна причина што, како што објаснуваат оттаму, Општината нема надлежност за издавање на вакви одобренија.
Очигледно се работи за насилник за кого законските процедури не важат, па според тоа надлежните државни институции треба најостро да го санкционираат, имајќи во предвид дека ги нема потребните одобренија да ја врши оваа дејност на предметната локација. Доколку некој врши дејност без потребни согласности од надлежни локални или државни институции и без соодветна техничка документација, забрана за вршење на дејноста изрекува Државниот пазарен инспекторат – посочуваат од Карпош за „Слободен печат“.
Бидејќи во текот на вчерашниот дел на местото кај забавниот парк покрај општинскиот градежен инспектор биле и инспектори од МВР, УЈП и Пазарен инспекторат, Општината бара тие да ги искористат своите законски овластувања и да се затвори овој случај.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Канделабрата во паркот во Карпош ја откорнало…
Од МВР информираа дека е расчистен случајот…
Без струја делови од Карпош, Центар и…
Без електрична енергија денеска ќе останат делови…
Мајка нападнала дете во игротека во Карпош
На 17.05.2026 во 22:30 часот во СВР…
СДСМ бара вонредна седница на Советот на…
„После распадот на ЗНАМ, сега пукнатините јавно…
(Видео) Ако Лукровски не може, не знае…
Ако Стори Лукровски не може, не знае…