Eве какво време не очекува деновиве – пороен дожд и грмежи, можна појава и на силен ветер
Денес попладне и во вечерните часови на места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, а локално процесите ќе во форма на невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер (над 60 км/час) и појава на град, велат од УХМР.
Пороен дожд и грмежи, локално во форма на невреме ќе има и утре, особено во источните делови. Потоа во следните два дена ќе преовладува стабилно време.
За време на викендов се очекуваат нови врнежи од дожд.
Во Скопје денес попладне и во вечерните часови ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, а во делови од котлината можна е појава на краткотрајно невреме. Во делови од котлината нестабилно ќе биде и утре.
Во случај на појава на електрични празнења се препорачува поголема внимателност, да не се престојува на отворен простор и под осамени дрвја.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Дугин воодушевен од изгледот на новиот претседател…
Рускиот филозоф и идеолог Александар Дугин се…
Паднал семафорот кај Гостивар, по патот има…
Силниот ветер вечерва предизвикува проблеми и материјална…
МВР со важен апел до родителите: Препознајте…
Министерството за внатрешни работи упатува апел до…
Унгарија ќе го повлече ветото за отворање…
Унгарија се очекува да го повлече ветото…
ММФ: Вештачката интелигенција го поттикнува светскиот економски…
Вештачката интелигенција во 2026 година за првпат…