Објавено на:

Градот под вода: Во Нови Пазар прогласена вонредна состојба поради силното невреме

t

Се отстрануваат последиците од силното невреме што вчера ја зафати Србија. Едно лице загина во Сомбор кога дрво падна врз возило. Изгаснат е пожарот што избувна во дворот на зградата на ЕПС во Нови Сад, поради што дел од градот остана без струја. Пожарникарите и спасувачите евакуираа пет лица и едно бебе. Во Нови Пазар е прогласена вонредна состојба.

Началникот на Секторот за вонредни состојби во Нови Пазар, Исмаил Дупљак изјави за РТС дека се работи за големо невреме.

-Речиси еден час паѓаше град, што е невидено на овие простори. За еден час на некои мерни места во градот паднаа над 66 литри вода на метар квадратен, што исто така е невидено, изјави Дупљак.

Во регионот на Ужице за време на вчерашното невреме наврнаа близу 40 литри дожд на метар квадратен, па дождовната канализација не можеше да ја прими целата вода.

Имаше и одрони, оштетувања на патната инфраструктура, а недостигаше и струја.

Најобилни врнежи придружени со град имаше во Мачва, Бачка, Срем, и во Златибор.

Жена загина во Сомбор кога дрво падна врз возилото што го возела.

Во Пожега и Чачак падна град со големина на орев и предизвика штети на земјоделските култури и овошните насади. Во Пожега се излеаја поројни потоци.

Како што најавуваат метеоролозите и денеска попладне во Србија ќе важи портокалова метео тревога. Попладне повторно ќе има услови за лошо време.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Болтон: „Зеленски нема добро да помине ако…

Џон Болтон, поранешен советник за национална безбедност…

Макрон во посета на земјите од Персиски…

Претседателот на Франција, Емануел Макрон денеска почна…

Францускиот долг ја загрижува Европа: Може ли…

Растечките трошоци за задолжување и политичката неизвесност…

Ѓорѓиевски: Нов лик, подобри услови и поголема…

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски денеска…

Лавров од Техеран: „Каузата на Иран, како…

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров…