Телефонски разговор Зеленски-Рама за тековната соработка во одбраната
Украинскиот претседател Володимир Зеленски на платформата Х објави дека имал телефонски разговор со премиерот на Албанија, Еди Рама, со кого разговарале за повеќе прашања.
Нарекувајќи го голем пријател на Украина, Зеленски наведува дека му се заблагодарил на Рама што го потврдил своето учество на претстојниот Меѓународен мировен самит што е предвиден да се одржи во Швајцарија на 15 и 16 идниот месец.
Исто така разговарале и за тековната соработка меѓу Албанија и Украина во областа на одбраната.
-Разговарав со албанскиот премиер Еди Рама, голем пријател на Украина, за претстојниот мировен самит и му се заблагодарив за потврдата дека Албанија ќе учествува. Го информирав премиерот Рама и за воената ситуација, поточно за одбраната на регионот Харков. Разговаравме и за нашата тековна соработка во одбраната, пишува Зеленски. (МИА)
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Фото) Закани кон родителите од Кочани: Не…
Продолжува голготата за родителите на починатите деца…
(Видео) Необична светлина над Шар Планина: Жител…
Жител на Брезовица вчера вечерта забележал и…
Македонија претпоследна во Европа по минимална плата
Според најновите податоци на Евростат, Македонија е…
Филков: Максим Димитриевски кандидат во Куманово, ЗНАМ…
Претседавачот на Централниот одбор на ЗНАМ Игор…
Нема веќе “Никогаш Северна”: Седум години од…
На денешен ден, 17 јуни, пред точно…