Комити реагираат: Сејдини сака да ја намали нашата поддршка, па токму затоа собирот ќе биде пред ФФМ
Навивачката група на Вардар, „Комити“ се револтирани од одлуката на ФФМ да ја огрнаичи продажбата на билети за претстојниот бараж натпревар, меѓу најтрофејниот македонски клуб и Детонит од Радовиш.
Дуелот е закажан за недела (26 мај) во Струмица, а „Комити“ се незадоволни од тоа што билетите можат да се купат само со физички присуство.
Ја информираме јавноста дека иако извесен период апелиравме до ФФМ и повикувавме на состанок, а во врска со продажбата на билетите, истиот не се случи. На само три дена до одигрувањето на натпреварот, бевме известени дека продажбата на билетите ќе започне денес(четврток, 23 мај) од 14:00ч на сите продажни места на МК Тикетс. Покрај тоа, билетите исто така нема да можат да се купат онлајн, туку единствено со физичко присуство.
Ваквата срамна постапка, со која огромната армија на наши навивачи, целосно неоправдано е ставена во неизвесност, покрај тоа што го отсликува аматеризмот во ФФМ, отвора и сомнеж дека зад сите овие ,,грешки” стои намерата, во Струмица да има што е можно помал број на навивачи на Вардар.
Но, и покрај се, веруваме дека ова не само што нема да ги одвлече нашите навивачи, туку и дополнително ќе влијае на што е можно поголемо присуство на историскиот натпревар. Нас ништо нема да не поколеба!
ВАЖНО: Во продажба ќе биде пуштена единствено северната трибина на стадионот, која е предвидена за навивачите на Вардар.
Цената на билетите изнесува 150 ден“, стои во соопштението на „Комити“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Два нови тешки пожари, еден во…
Покрај досега пријавените пожари, попладнево избија два…
САД: Неонацистичка група има намера да се…
Предизборната кампања во САД се соочи со…
Ѓурѓај: Исправен терминот „северномакедонци“ во резултатите од…
Народниот правобранител на Албанија одговори на дописот…
ОБИД ЗА УБИСТВО НА БЕНЗИНСКА ВО СКОПЈЕ!
СВР Скопје поднесе кривична пријава против А.А.(34)…
16 пожари во Македонија, само 6 се…
До 13 часот денеска, евидентирани се вкупно…