Само три хируршки сали се активни во Клиничкиот центар

t

Три хируршки сали се оспособени за работа во хируршкиот блок при комплексот клиники „Мајка Тереза“, велат извори од клиниката за Канал 5.

Според информациите во трите сали во моментов се извршуваат само исклучително итни операции. Останатите сали веќе 7-ми ден се затворени, поради ширеење на непријатна миризба. Вработените и натаму не знаат кога салите ќе се вратат во функција, а од министреството за здравство втор ден молк.

Нема одговори на прашањата дали проблемот е надминат, кога повотрно би се ставиле во функција сите хируршки сали и која беше причината за нивното затворање. Од она што досега е познато е дека надзор на хирургија направија и инспектори од Државниот здравствен и санитарен инспекторат, но оттаму велат немаат ингеренции да постпауваат понатаму освен да го информираат министерстрвото за фактичката состојба и непријатната миризба во блокот. Тие упатија апел до надлежните служби да го решат проблемот.

Пацинетите кои не се третираат како итни слуачи се препраќаат во другите здравствени установи во метрополата. Директорот на клиниката за хируршки болести „Свети Наум Охридски“, Љубен Арсенков вели изминатава недела имаат зголемен број на пацинети, и се прават сите напори никој да не биде изоставен.

А исполнети се речиси и сите капацитети во ГОБ 8 Септември.

-Во последната недела зголемена е фреквенцијата особено во ургентниот центар каде скоро е дуплиран бројот на пацинети кои доаѓаат. Исто така сите оддели особено хируршките се полни со по некој прекуброен кревет се со цел да бидат згрижени сите пациенти – Христијан Костов, директор на ГОБ 8ми Септември.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Силниот ветер искрши гранки од дрвја во…

Силниот ветер искрши гранки од дрвјата во…

Тепачка кај нотар во Центар за наследство

Две лица се степале во нотарска канцеларија…

„Пајакот“ отстрани 96 непрописно паркирани возила во…

ЈП Паркинзи на Општина Центар и Општина…

Герасимовски: МВР може да ги идентификува деликвентите…

Снимките од тинејџерите кои уништуваат игралиште во…

Машко лице пронајдено починато во Центар

На 01.06.2024 во 19:35 часот во СВР…