Косово го ратификуваше договорот со Македонија за тунелот Тетово – Призрен
Собранието на Косово го ратификуваше договорот потпишан со Македонија за заедничка изградба на тунелот за патот Тетово-Призрен.
„Тетово е поблиску до Призрен и Косово. Собранието на Косово со 82 гласа „за“ го одобри предлог-законот за ратификација на договорот за кофинансирање за проектирање на проектот за изградба на тунелот на патот Призрен-Тетово“, рече Либурн Алиу, министер за просторно планирање и инфраструктура.
Во Македонија договорот за кофинансирање е одобрен во Владата, но во Собранието се очекува да биде ратификуван од новиот состав.
Африм Гаши од коалицијата Вреди во интервју за Алсат изјави дека овој проект ќе биде во програмата на следната влада .
Според потпишаниот договор, страните се согласуваат тунелот што треба да ги поврзе двете земји да се реализира со кофинансирање. Поточно, секоја држава ќе плати за должината на тунелот на нејзина територија. Рокот за финализирање на документите е до средината на 2026 година.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Кина меѓу главните земји од кои се…
Увозот во Косово во периодот јануари-април 2025…
Амбасадата на САД во Приштина му се…
В.Д амбасадорката на САД во Приштина, Ана…
(Видео) Никакво рационално објаснување зошто се чекаше…
Нема никакво рационално објаснение зошто после полни…
Србија е загрижена поради поддршката на Црна…
Српското Министерство за надворешни работи изрази загриженост…
Косово ќе прифати до 50 мигранти од…
Косовската влада денес одлучи да прифати до…