Се огласи разрешениот директор од кардиохирургија: Разрешувањето е незаконско, изнесени се невистини
Разрешениот директор на Клиниката за Кардиохирургија, Марјан Шокаровски се огласи по денешната прес-конференција на министерот за здравство, Илир Демири и соопштението дека се разрешува од функцијата. Во краток разговор за „Локално“ вели дека неговата смена е противзаконска.
-Слушнав дека постојат наводи на министерот во заминување дека сакал да ме разреши што е спротивно на сите постоечки закони и уставот на Македонија. Имено изборниот законик е дециден дека до формирање на новата влада, техничкиот министер нема ниту такви овластувања ниту можност, дотолку повеќе тоа претставува кршење на законот. Се надевам институциите ќе се држат до почитување на постоечките закони, истакнува Шокаровски во одговорот.
Што се однесува до, како што вели, гнасните лаги и клевети околу наводите за зголемена смртност на Кардиохирургија, со што сакаат да се уништи една од најдобрите и најуспешни приказни во јавното здравство, „јас и стручниот колегиум на Клиниката во тек на наредните денови ќе излеземе со официјален демант и точни резултати околу невистините кои периодов беа лиферувани во јавноста“, истакнува Шокаровски во реакцијата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Ројтерс: Наредбата за ограничување на Starshield за…
Одлуката за ограничување на пристапот на Украина…
САД подготвуваат план за употреба на „мајката…
Белата куќа подготвува планови за можна употреба…
Израел ја зголемува готовноста: Извештаи за нови…
Западни разузнавачки служби регистрирале нови воени активности…
Иранска воена техника се движи кон Кувајт?!…
Снимки што се споделуваат на социјалните мрежи,…
Герасимовски: Постапката за „Барутана“ е законска обврска
Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, во…