Објавено на:

Сослушани сведоци во случајот за убиството на Данка Илиќ: Еден од нив на осомничениот Јанковиќ му дал автомобил при потрага по девојчето

t

Во Вишото јавно обвинителство во Заечар заврши сослушувањето на двајца сведоци во рамки на истрагата за убиството на двегодишното девојче Данка Илиќ, за кое се уапсени работниците на „Водовод“ во Бор, Дејан Драгијевиќ и Срѓан Јанковиќ.

Според Нова.рс, денеска биле сослушани директорот на „Водовод“ Бор, Горан Павиќ, како и пријател на осомничениот Јанковиќ.

Како што пишува Нова.рс, пријателот на Јанковиќ бил сослушан за тоа што тој му го позајмил автомобилот на осомничениот при потрагата по Данка.

Засега не се знае за какви се околности се изјаснувале сведоците. Се претпоставува дека директорот на „Водовод“ Бор зборувал и за однесувањето на осомничените во деновите на потрагата по Данка, со оглед на тоа дека за делото биле уапсени работници на таа фирма.

Двегодишната Данка Илиќ исчезна на 26 март во Бањско поле кај Бор, а полицијата по 10-дневна потрага и детални проверки на сите индиции и информации ги уапси Срѓан Јанковиќ и Дејан Драгијевиќ од Бор, кои се осомничени дека го удриле девојчето со автомобил, а потоа нејзиното тело го ставиле во багажникот на возилото и го однеле на депонија.

Телото на девојчето се уште не е пронајдено.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

МВР во врвот на најтранспарентните министерства: 75,90%…

Министерството за внатрешни работи бележи подобрување во…

Шест жртви во поплавите во Турција, продолжува…

Бројот на жртви во поплавите што ги…

Макрон: Доколку е потребно, протестите ќе бидат…

Францускиот претседател Емануел Макрон синоќа изјави дека…

Инџиково без вода за пиење

Поради изведување водоводен приклучок во близина на…

Почина Васко Јолески, претседателот на „Храбро срце“…

Почина Васко Јолески од Струга, претседател на…