Германскиот град Кобург ги испрати посмртните останки на Фердинанд Први во Бугарија
Бугарскиот цар Фердинанд I по 76 години се враќа во Бугарија, пренесе БГНЕС. По неговата смрт во егзил во Кобург во 1948 година, неговата желба да биде погребан на бугарска почва сега е исполнета.
Во Кобург денеска се одржа богослужба во црквата „Свети Августин“, на која присуствуваше и амбасадорот на Република Бугарија во Берлин, Григор Порожанов.
„Мило ми е што денес, толку години по неговата смрт, се исполнува неговата голема желба и неговите смртни останки го наоѓаат патот до Бугарија. Денеска уште еднаш му благодариме на кралот Фердинанд I за сè што направи за Кобург, му посакуваме безбедно последно патување во неговата татковина и постојано почивалиште во неговата втора татковина Бугарија, во неговата сакана палата Врана во Софија“, рече градоначалникот Доминик Сауертег ( од Социјалдемократската партија на Германија).
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Германија предупредува на секојдневна „хибридна војна“ по…
Германија се соочува со хибридни напади од…
Москва го пофали Радев
Москва забележува промена во реториката на Софија…
Крајнодесничарската АФД со најголеми шанси за победа…
На помалку од еден месец пред важните…
Германија пријави рекорд од речиси 14.000 видувања…
Германија бележи невиден рекорд во бројот на…
Дрон влегол во бугарскиот воздушен простор и…
Дрон влегол во воздушниот простор на Бугарија…