Словенија предлага „данок на шеќер“ како мерка за борба против лошите навики
Една од предложените мерки за даночна реформа во Словенија, која моментално ја разгледува владејачката коалиција, е зголемување на данокот на додадена вредност (ДДВ) за пијалоците со додаден шеќер и енергетските пијалоци.
Министерството за финансии, според Форбс, со оваа мерка планира да собира дополнителни 12 милиони евра даночен приход годишно.
Причината за воведувањето на данокот, барем официјално, не е зголемување на даночните приходи, туку грижа за јавното здравје. На почетокот на мај, Стратешкиот совет за исхрана и Стратешкиот совет за здравје расправаа за можноста за промена на оданочувањето на зашеќерените и енергетските пијалоци како и на „нездравата храна“, но подоцна не ги споменаа.
Во заедничката изјава по состанокот во мај, двата стратешки совети истакнаа дека „редовното консумирање на зашеќерени пијалоци може да доведе до прекумерна тежина и дебелина, што го зголемува ризикот од развој на многу болести, вклучувајќи кардиоваскуларни болести, дијабетес тип 2 и некои форми на рак. “
Тие предложија „релевантните сектори да формулираат збир на мерки за промовирање на здрав начин на живот, вклучително и воведување на прогресивно оданочување за пијалоците со додаден шеќер и засладувачи и за енергетските пијалоци“.
Министерството за финансии првично предложи зголемување на ДДВ за слатките и енергетските пијалоци, иако во предлогот не се споменуваат пијалоци со засладувачи. Сепак, мерката може да се промени за време на советувањата на коалицијата и јавната расправа што ќе следи.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Пратеник на СДС се качи на…
Пратеникот на словенечката опозициска партија СДС, Андреј…
Во Словенија украдена статуата на Меланија Трамп
Полицијата во Словенија го истражува исчезнувањето на…
Словенија стравува од поплави и одрони по…
Во Словенија денеска паѓа пороен дожд, поради…
Дете удри во дрво и загина на…
Дете трагично го загуби животот денеска на…
Словенечките војници „извојуваа“ да им се плаќа…
По неколкугодишни напори, вработените во словенечката армија…