(Видео) Над 100 илјади фанови на Олимпијакос ја славеа титулата
Првиот европски трофеј за Олимпијакос и воопшто за грчки клуб предизвика голема еуфорија кај навивачите на клубот од Пиреја кои синоќа добро знаеја како да прослават.
Не само Пиреја, тука цела Атина беше во црвена и бела боја, а големото славје дојде само два дена откако големиот ривал Панатинаикос триумфираше во кошаркарската Еврролига. Според извештаите од нашиот јужен сосед, над 100 илјади навивачи на Олимпијакос излегле на улиците на грчката престолнина да слават, со песна и пиротехника.
Олимпијакос е убедливо најтрофеен грчки клуб со 47 титули во домашното првенство и 28 во Купот, но од синоќа е запишан во историјата на фудбалот во својата земја како прв освојувач на европски трофеј.
https://x.com/centregoals/status/1795938900797444574
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Трагедија на Халкидики: српски турист извлечен мртов…
Од морето во областа Сарти, на Халкидики,…
ВЛЕН: ДУИ си дадоа автогол
„ДУИ продолжува со истата расипана плоча. Секој…
Најмалку 13 лица се загинати во напад…
Во објава на Икс се споделува видео…
Иран повтори дека планира да наплаќа за…
Иран има намера да им наплаќа такси…
Доктор Здравески од ИЈЗ: Ако излегувате надвор…
Ако надвор е 39 степени, клима уредите…