(Видео)Таравари го ангажирал Питер ван Хојте да биде македонски преговарач за спорот со Бугарија

t

Питер Ван Хојте, човекот кој го рушеше ВМРО-ДПМНЕ, ќе го решава проблемот со Бугарија, открива градоначалникот на Гостивар, Арбен Таравари.

– „Фала Богу имаме поддршка од меѓународниот фактор, што е добро. Јас се видов минатата недела со господинот Питер Ван Хојте, кој во овој период ќе фасилитира меѓу Скопје и Софија, за да се изнајде начинот како да се направи тоа. Ќе го охрабриме премиерот и следната влада за да видимекакво ќе биде решението, ќе видиме, од двете страни некаков компромис. Рамката не може да се смени, тоа е поминато низ сите држави, тоа и Александар Николоски рече дека не бараат промена на рамката. Невозможно е тоа, ќе видиме…“ – вели Таравари во гостување во „Политиканти“.

А да се потсетиме што зборуваше Ван Хојте за ВМРО-ДПМНЕ.

„Во многу земји, партиите како што е ВМРО-ДПМНЕ може да бидат ослободени од учество на избори се додека не го исчистат внатрешниот хаос. На партијата што во суштина не е демократска не треба да и биде дозволена да учествува во секој демократски процес“ вели Петер Ванхојте во интервју за порталот „Фактор“.

„Јас верувам дека ВМРО-ДПМНЕ и натаму има многу компетентни политичари кои би можеле да направат одлична работа како членови на една конзервативна партија. Навистина се надевам дека еден ден оваа партија ќе се врати на вистинскиот пат и навистина ќе се придржува до демократските вредности во рамките на партијата и надвор“вели поранешниот посредник на ЕУ во преговорите за пржинскиот договор.

Впрочем, ВМРО-ДПМНЕ не е подготвена за избори сè додека нема сериозни внатрешни реформи што ќе им овозможуваат на сите членови да се обединат зад платформа за демократска партија.

Вчера Ван Хојте преку Фејсбук порача дека не требало да се оди на избори.

„Не трошете време и пари на предвремени избори, туку ангажирајте се во решавање на многуте проблеми во вашата земја. Работете да ја подобрите економијата, владеењето на правото, здравствениот систем, образованието, и не заборавајте: една изгубена битка не значи дека се е загубено,“ реагираше на Фејсбук Ван Хојте.

Потоа ВМРО-ДПМНЕ „ја прекина соработката со Ванхојте“.

-ВМРO-ДПМНЕ долго време го толерираше неговото несоодветно однесување, делумно и заради фактот што после секоја изречена навреда или омалуважување, Ванхауте се извинуваше како маче. За жал веднаш по барањето да му биде простено, следеа нови испади и нови навреди кон ВМРО-ДПМНЕ и граѓаните, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

СДСМ: ДПМНЕ одби клучни амандмани за земјоделците

Првиот амандман, кој имаше за цел да…

Двојни аршини: Кога должи фирма на министер…

Долг на фирма не е кривично дело,…

„И лавот му рече на орелот мјау“:…

Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ)…

(Видео) Николова: Мицкоски без грам совест и…

Предложениот ребаланс на буџетот не ветува дека…

Крајно време е Максим Димитриевски да излезе…

Невидено во унитарна држава! Министерот за здравство…