(Видео) Левица со поддршка за протестот на граѓаните од Лисиче
Граѓани од скопско Лисиче протестираа пред седиштето на Општина Аеродром, откако на седница на Совет беше изгласан ДУП со кој се предвидува и висококатница во населбата Лисиче. Левица им даде поддршка на граѓаните, а советниците од Левица гласаа против спорниот ДУП.
Советникот Горан Костовски од Левица истакна дека се прекршени повеќе процедури, така што ДУП-от за Лисиче ќе биде оспорен. Освен што е ставен вон Деловникот, ДУП-от бил донесен и како „итна точка“, а немало итност.
– Не помина на Комисија за урбанизам каде јас сум член. И затоа ќе следува претставка. Исто така, по Деловникот на Општина Аеродром, кога се носи ваква ,,итна” точка, било кој советник може да побара пауза од неколку часа, доколку сака да спреми амандмани. Меѓутоа, мене тоа деловничко право не ми беше овозможено од претседателот на Советот, Дејан Митески. Дополнително, планот добил и позитивно мислење од Министерството за транспорт и врски од досегашниот министер Благој Бочварски. Меѓутоа, одобрувањето е ден пред седницата, а министерот е во оставка и не може да одобрува ДУП. Така што, ова ќе се спори и на Уставен суд – посочи Костовски за Радио МОФ.
Според него, ако се изгради зграда од 12 ката, тогаш Лисиче ќе биде под канџите на градежната мафија, која ќе почне да им ги откупува бараките на локалните староседелци.
Жителите на Лисиче сакаат да им се зачува карактерот на населбата, кој е со семејни куќи и не сакаат згради, не сакаат дополнителна урбанизација. Сметаат дека со овој ДУП, дополнително ќе се бетонизира населбата, ќе се создаде урбанистички и сообраќаен хаос.
Советниците од Левица најавуваат дека следи кривична пријава за несовесно работење во службата до претседателот на Совет, Дејан Митевски, поради одземање на советничкото право за поднесување амандмани и прекршување на Деловникот.
ДУП-от беше усвоен со 16 гласа ЗА од страна на советниците на ВМРО-ДПМНЕ.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
За што навистина ја гонат Ива Михајлова:…
Еден загинат, тројца повредени, директен судир на…
Нетанјаху бара нови удари врз Иран пред…
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во изминатите две…
Србија го сруши рекордот: Резервите на злато…
Резеврите на злато, кои се дел од…
Трамп: Премногу далеку отидовме со нападите, веќе…
Американскиот претседател Доналд Трамп, изјави дека Вашингтон…
Американски конгресмен предупредува: Русија или Кина би…
Американскиот конгресмен Ерик Бурлисон предупреди дека САД…