ВАТЕРПОЛОТО СЕ ВРАЌА ПО 20 ГОДИНИ: Викендов ќе се одржи Национално првенство во базенот „Борис Трајковски“
Овој викенд, на базенот „Борис Трајковски“, ќе се одржи првото Национално Првенство во Ватерполо по цели 20 години. Настанот ќе се одржи на 2 јуни, со почеток во 15:00 часот. Повеќе од 100 спортисти ќе се натпреваруваат во две категории – сениори и кадети, со по четири тима во секоја категорија.
Ова првенство претставува значаен чекор во оживувањето на ватерполото во Македонија и огромен напредок на клубовите во последните неколку години. Влезот е бесплатен и настанот е одлична можност за семејства, пријатели и љубители на ватерполото да дојдат и уживаат во овој голем спортски настан.
Придружете ни се во оживувањето на македонското ватерполо и помогнете ова првенство да биде почеток на големи успеси во овој спорт.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Сведоци на ужасниот земјотрес во Колумбија: „Никогаш…
Во Кали, еден од колумбиските градови најтешко…
Разбојници нападнале млад Австриец во Скопје и…
23-годишен државјанин на Австрија пријавил во полиција…
Нови детали за Србинот што се удави…
Горан Комазец од Белград е човекот кој…
ЈПДП ќе земат 40 милиони евра кредит…
Владата даде зелено светло за ново задолжување…
Зеленски најави нови кадровски промени во украинските…
Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека дел…