Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност
Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност, ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец, а во попладневните и вечерните часови ќе има локална појава на пороен дожд и грмежи. Наместа процесите ќе бидат во форма на невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер и изолирана појава на град.
Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 18, а максималната ќе достигне од 28 до 35 степени Целзиусови дека УВ индексот ќе изнесува 8.
Во Скопје ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност и слаб до умерен ветер од јужен правец. Попладне и во вечерните часови во делови од котлината ќе има услови за пороен дожд и грмежи. Минималната температура ќе се спушти до 16, а максималната ќе достигне до 31 степен.
И во следните денови ќе се задржи сончево и топло време со мала до умерена облачност. Утре во попладневните и вечерните часови ќе има локална појава на пороен дожд и грмежи, а поради големата енергија во атмосферата наместа процесите ќе бидат и во форма на невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер и изолирана појава на град.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Напад врз нафтениот гигант „Арамко“ во Ријад,…
Канцелариите на „Сауди Арамко“ (Saudi Aramco) во…
„Системот се вика патријархат и е смртоносен“:…
„Не бараме сочувство, бараме одговорност“ – е…
На денешен ден е роден Михајло Апостолски:…
На 8 ноември 1906 година, во штипско…
Студентите во Тирана одбија партиско преземање: Најавија…
Студенти во Тирана вчера, направија жив ѕид…
148 години од раѓањето на Чупоски: „Ние…
„Вие само ќе треба да му кажете…