САД: Израел ги постигна повеќето од своите воени цели во Газа
Вашингтон го продолжува притисокот врз Израел да ја прекине војната во Појасот Газа по предлогот за договор за прекин на огнот што го претстави американскиот претседател Џо Бајден.
Директорот за комуникации на Советот за национална безбедност на САД, Џон Кирби, за американската телевизија Еј-Би-Си изјави дека „само од воена перспектива … Израелците ги постигнаа повеќето од своите цели во Газа“.
Кирби нагласи дека САД не рекле дека палестинската милитантна организација „Хамас нема воени капацитети“.
– Не рековме дека тие сè уште не претставуваат остварлива закана за израелскиот народ. Се разбира дека се, истакна тој.
– Но, тие немаат воени капацитети да го направат она што го направија на 7 октомври“, изјави Кирби вчера за програмата „Недела“.
Бајден во петокот ги претстави деталите од нацрт мировниот договор кој предвидува три фази на деескалација, почнувајќи со целосен прекин на огнот на шест недели и повлекување на израелските сили од густо населените области во Газа.
Договорот ги вклучува плановите за ослободување на заложници и затвореници, повлекување на Израел од палестинската територија и обнова на Појасот Газа.
Додека Вашингтон тврди дека Израел го одобрил планот, неколку екстремно десничарски членови на израелската влада во саботата се заканија дека ќе се повлечат од коалицијата на премиерот Бенјамин Нетанјаху во случај договорот да биде прифатен.
По говорот на Бајден, Нетанјаху го повтори ставот на неговата влада дека предуслов за мир е уништување на раководството и воените капацитети на Хамас и враќање на сите заложници.
Во меѓувреме, Хамас инсистира на крај на војната пред да ослободи други заложници.
Кирби вчера повторно нагласи дека договорот е „израелски предлог“. Тој исто така рече дека Вашингтон очекува Израел да се согласи со планот за прекин на огнот доколку Хамас се согласи, додавајќи дека милитантите сè уште треба да дадат официјален одговор.
Војната во Газа беше предизвикана од невидениот масакр извршен од страна на Хамас и другите екстремистички групи во Израел на 7 октомври. Повеќе од 1.200 луѓе беа убиени, а повеќе од 200 земени како заложници во Газа.
Израел одговори со масовни воздушни напади и копнена офанзива, во која досега се убиени 36.400 луѓе, според здравствените власти во Газа кои се под Хамас.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Ние кога? САД инвестираат 2,2 милијарди долари…
Администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден објави…
Директна закана од Израел: „Брзо да го…
Израелскиот министер за надворешни работи Израел Кац…
Израел објави, 19 повредени во нападот на…
Најмалку 19 лица, вклучително и шест војници,…
САД: Неонацистичка група има намера да се…
Предизборната кампања во САД се соочи со…
Ерусалим пост го цитира иранскиот МНР: ИРАН…
Иран одлучи да го нападне Израел, изјави…