Снопче бара од СДСМ и Европскиот фронт да ги поддржат измените на законите за нови министерства

t

Пратеникот Халил Снопче од коалицијата ВЛЕН денеска изјави дека сакаат нормално функционирање на Собранието и врз основа на тоа, се носи предлогот за промените на Законот за реконструкција на Владата, односно промените и трансформацијата на министерствата, што е целта на новиот мандатар и новиот владин кабинет.

На координацијата со новиот собраниски претседател, Африм Гаши, Снопче истакна дека се разговарало со тоа и не гледа причина да се одбие таквиот предлог од страна на СДСМ и Европскиот фронт, бидејќи, како што вели, е за подобра функционалност.

За да помине Законот, најпрвин треба да се формираат двете матични комисии. Исто така потребно е двотретинско мнозинство.

-Сметаме дека треба да се поддржи барањето. Тоа е во склад со реализација на програмските определби, кажа Снопче во изјава за медиумите.

Како што информира, во моментов, новото владино мнозинство го сочинуваат 78 пратеници.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

СДСМ: Платформата е поврзана со власта, ѝ…

СДСМ остро реагираше на денешното јавно претставување…

Платформата “12.05“ подготвува опозициски фронт со СДСМ…

За да се победи актуелната власт потребно…

ВМРО-ДПМНЕ: СДС да не шират паника, Филипче…

Пензионерите денес имаат конкретени резултати кои што…

ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ си ги мерат „АРМИИТЕ“…

Владејачката ВМРО-ДПМНЕ и опозициската СДСМ денес повторно…

ВМРО-ДПМНЕ: На Филипче му смета секој успех…

Филипче денес се најде да зборува за…