Бајден и Зеленски ќе се сретнат во Франција
Американскиот претседател Џозеф Бајден ќе се сретне со украинскиот претседател Володимир Зеленски во Франција за време на церемонијата по повод 80-годишнината од битката за Нормандија во Втората светска војна, објави советникот за национална безбедност на Белата куќа – Џејк Саливан.
Саливан вчера им изјави на новинарите дека САД не планираат да испратат воени инструктори во Украина, пренесува Ројтерс.
„Ним им треба повеќе воздушна одбрана и ние работиме на тоа и им треба постојан проток на оружје, што ќе го обезбедиме“, рече Саливан.
Бајден вчера пристигна во Франција за да ја одбележи 80-годишнината од битката за Нормандија во која американските војници ја нападнаа нацистичката германска армија во Втората светска војна.
Најавено е дека Бајден ќе помине 5 дена во Франција, каде што ќе зборува за време на церемонијата и, како дел од официјалната државна посета, ќе разговара со францускиот претседател Емануел Макрон.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Ердоган: Турција е единствената што може директно…
Турција е единствената што може директно да…
Зеленски ќе се сретне со Трамп за…
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, потврди дека…
Зеленски: Нè очекуваат уште две тешки офанзиви
Украинскиот претседател Володимир Зеленски во интервју за…
Зеленски: Украина очекува фонд од 2,9 милијарди…
Финансискиот аранжман познат како Листа на приоритетни…
Зеленски до Трамп: Покажете јасен став и…
Украинскиот претседател Володимир Зеленски го повика Доналд…